ПРВ.мк
Свет

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Петти ден борба со пожари во Јапонија - еве колку семејства се евакуирани!

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Петти ден борба со пожари во Јапонија - еве колку семејства се евакуирани!

Јапонија распоредила околу 1.400 пожарникари и 100 припадници на војската во борба против големи шумски пожари што петти ден по ред беснеат на северот од земјата.

Пожарите досега зафатиле површина од околу 1.373 хектари, што претставува зголемување од околу 7% во споредба со претходниот ден.

Огнената стихија се приближува до станбените делови на градот Оцучи, кој веќе има тешко историјско искуство со катастрофи, вклучувајќи го земјотресот и цунамито од 2011 година.

Под наредба за евакуација се околу 1.541 домаќинство, односно 3.233 жители — приближно една третина од населението на градот.

Градоначалникот Коѕо Хирано изјавил дека, и покрај гаснењето од воздух со хеликоптери, сувото време и силниот ветер значително го отежнуваат гаснењето.

Според јапонските служби за катастрофи, досега е пријавено едно повредено лице, а причините за пожарите сè уште се истражуваат.