ПРВ.мк
Свет

ВОЈНАТА ВЛЕЗЕ ВО ОПАСНА ФАЗА: Паѓаат смртни материи врз Абу Даби - се е опкружено во чад!

ВОЈНАТА ВЛЕЗЕ ВО ОПАСНА ФАЗА: Паѓаат смртни материи врз Абу Даби - се е опкружено во чад!
Kristal

Сукобот меѓу Иран и САД и Израел влезе во шестиот ден. Жестоките ривали продолжуваат со интензивни напади, додека ситуацијата секој ден станува сè понеизвесна. Американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени операцијата во Иран со оценка „15 од 10“ и додаде дека нападот бил неизбежен, затоа што во спротивно „Иран би имал нуклеарно оружје за две недели“. Од друга страна, Иранците го предупредија американскиот претседател дека поради смртта на ајатолах Али Хамнеи „ќе плати висока цена“.

Соединетите Американски Држави и Израел нападнаа во сабота, 28 март, утрото во Иран, во, како што беше соопштено, „превентивни напади“, кои се случија по неуспехот на повеќе рунди преговори за иранскиот нуклеарен програм.

Американската новинска агенција „Human Rights Activists“ наведува дека во Иран, заклучно со 3 март, од почетокот на војната се регистрирани повеќе од 1.000 загинати цивили, додека се истражуваат уште стотици пријавени смртни случаи, пренесе Би-Би-Си.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo