ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ЗГРАДИ СЕ УРИВАА КАКО ОД КАРТОН: Расте бројот на жртви – неизвесно дали има уште затрупани!

(ВИДЕО) ЗГРАДИ СЕ УРИВАА КАКО ОД КАРТОН: Расте бројот на жртви – неизвесно дали има уште затрупани!
Kristal

Тешка трагедија го погоди либанскиот град Триполи, откако две станбени згради се урнаа, при што бројот на загинати порасна на најмалку 15 лица. Информацијата ја објави Либанската национална новинска агенција (NNA), повикувајќи се на изјава од шефот на цивилната заштита.

Според шефот на цивилната заштита, Имад Хреис, спасувачките екипи досега успеале живи да извлечат осум лица од урнатините. Потрагата, сепак, продолжува под исклучително тешки услови, а неизвесноста останува голема. Претседателот на општинскиот совет на Триполи, Абдел Хамид Каримех, изјави дека во овој момент не може со сигурност да потврди дали под рушевините сè уште има затрупани луѓе.

Иако претходно, според преносите на Ројтерс, шефот на спасувачката служба навел дека во зградите живееле вкупно 22 станари, официјална потврда за бројот на исчезнати сè уште нема, што дополнително ја зголемува загриженоста кај локалното население.

Каримех нагласи дека проблемот со небезбедните објекти во Триполи е присутен со години и претставува резултат на низа сериозни пропусти. Како главни причини ги наведе честите градежни прекршувања, децении урбанистички хаос, слаба институционална контрола и целосен недостиг на редовно одржување на објектите.

Според неговите зборови, голем дел од зградите во градот се стари меѓу 60 и 70 години, одамна го имаат надминато својот структурен век и никогаш не биле подложени на неопходни санации. Ваквата состојба сериозно го зголемува ризикот од нови уривања, предупредуваат локалните власти.

По трагедијата, надлежните институции започнаа со обезбедување привремен сместувај за семејствата кои останаа без дом. Високиот комитет за помош на Либан најави и финансиска поддршка за изнајмување станови, која ќе важи до три месеци, со цел да им се помогне на најпогодените.

Либанската влада соопшти дека општинскиот совет на Триполи во рок од најмногу еден месец ќе донесе одлука за евакуација на дури 114 згради кои се оценети како опасни и под ризик од уривање. Премиерот на Либан, Наваф Салам, изјави дека за семејствата кои ќе бидат евакуирани ќе се обезбеди привремен сместувај до една година.

Во последните неколку недели, во Триполи – вториот по големина град во Либан – се урнаа повеќе стари станбени објекти за релативно краток временски период. Локалните медиуми, повикувајќи се на официјални лица, предупредуваат дека ова е јасен сигнал за сериозно влошената инфраструктура и долгогодишното запоставување, кое сега зема човечки жртви.

ВИДЕО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape