ПРВ.мк
Македонија

БУМ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ: Цената на квадрат стигна 3.000 евра – дали купувањето стан стана луксуз?

БУМ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ: Цената на квадрат стигна 3.000 евра – дали купувањето стан стана луксуз?
Kristal

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со забрзан раст. Во последниот квартал од 2025 година се изградени и регистрирани 1.004 нови станови, што е за 159 повеќе од претходниот квартал, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини. Истовремено, цените бележат раст од 25% на годишно ниво.

Во Агенцијата за катастар се евидентирани 27.522 листови за предбележување градба, што укажува на значителен број нови објекти кои наскоро ќе влезат на пазарот, дополнително засилувајќи ја градежната активност.

Највисоката цена по квадратен метар е забележана во општина Центар, каде стан од 83 квадратни метри се продаде за 182.404 денари за квадрат (околу 3.000 евра). Најмногу станови се продадени во Аеродром – вкупно 304, додека најмногу куќи се продадени во Битола (91). Продажбата на деловни простории е најизразена во Центар, земјоделско земјиште и шуми најмногу се тргувале во Куманово, а градежно земјиште во Ѓорче Петров.

Во четвртиот квартал се реализирани вкупно 9.283 трансакции со недвижности, од кои 6.230 купопродажби и 3.053 договори за закуп. Најголем обем на трансакции е регистриран во Центар, Аеродром и Штип.

Податоците на Народната банка потврдуваат дека цените на недвижности во последниот квартал од 2025 година пораснале за 25% на годишно ниво, додека Државниот завод за статистика бележи 304 одобренија за градење во ноември, за изградба на 761 стан, најмногу во Скопскиот регион.

Сите индикатори упатуваат дека побарувачката за станбен простор останува висока, а ценовниот тренд продолжува да расте, особено во Скопје и поголемите урбани центри, што ја прави купопродажбата на станови сè повеќе луксуз за просечниот граѓанин.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape