Трагична несреќа се случила во Рио де Жанеиро, каде четири лица го загубија животот при пад на хеликоптер за време на 20-минутен панорамски лет над Националниот парк Тижука, пренесува порталот G1.
Во падот загинале пилотот и тројца туристи од Колумбија. Хеликоптерот се урнал во тешко пристапно шумско подрачје, а по ударот избувнал и пожар што ја зафатил околната вегетација. Поради непристапноста на теренот, пожарникарите морале да користат специјални техники за пристап со јажиња за да успеат да стигнат до местото на несреќата и да интервенираат.










