ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА: Повредени, евакуации и итна реакција на властите!

(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА: Повредени, евакуации и итна реакција на властите!

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер ја погоди областа Гаосјан во градот Јибин, во југозападната кинеска покраина Сечуан, предизвикувајќи повреди и евакуации меѓу локалното население.

Според локалните власти, најмалку 13 лица се здобиле со полесни повреди и веднаш биле пренесени во болница за укажување лекарска помош. Иако повредите се класифицирани како лесни, инцидентот предизвикал вознемиреност кај жителите во погодените подрачја.

По потресот, околу 196 жители биле евакуирани од своите домови и привремено сместени на безбедни локации, додека надлежните служби работеле на проценка на состојбата на терен и проверка на евентуални оштетувања на објектите.

Земјотресот бил регистриран утринава во 00:12 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од приближно шест километри, што според сеизмолозите може да доведе до поизразени потреси на површината.

Кинескиот центар за земјотреси соопшти дека е активиран трет степен на итен одговор, додека спасувачките тимови и локалните служби продолжуваат со теренски проверки и санациски активности.

Властите во регионот продолжуваат внимателно да ја следат состојбата и да проценуваат дали има дополнителни ризици или поголема материјална штета по силниот потрес.

ВИДЕО

Најнови вести