ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) СЕ УРИВАА КУЌИ, ДЕЦА ВРИСКАА И БЕГАА ОД УЧИЛИШТАТА: Перу го погоди „брановиден земјотрес“, тлото се тресеше цела минута, има повредени!

(ВИДЕО) СЕ УРИВАА КУЌИ, ДЕЦА ВРИСКАА И БЕГАА ОД УЧИЛИШТАТА: Перу го погоди „брановиден земјотрес“, тлото се тресеше цела минута, има повредени!

Три лица се лесно повредени откако Перу го погоди земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала, а според последните податоци, жртви нема.

Земјотресот го погоди југот на Перу во четвртокот, епицентарот на земјотресот бил во регионот Ајакучо, а како што пренесува порталот Infobae, се почувствувало како тлото поддрхтува речиси цела минута. Потресот се почувствувал во голем дел од земјата, вклучувајќи ги регионите Ајакучо, Арекипа, Ика, Куско и Апуримак, како и во главниот град Лима.

Според објавените информации, потресот е опишан како „брановиден земјотрес“ – хоризонтално движење на тлото кое се манифестира како нишање и бранување на површината.

Се урнаа куќи, жителите се вознемирени, деца плачеа

Што се однесува до материјалната штета, пријавена е во шест училишта и на 12 медицински пунктови. Во планинската област на југот од Перу, како што се наведува, имало и уривање на куќи.

Во главниот град Лима потресот најмногу се почувствувал на повисоките катови од зградите, додека во повеќе јужни региони предизвикал голема вознемиреност меѓу населението.

Регионалниот директорат за образование во Ика, на јужниот брег на Перу, нареди прекин на попладневната настава во сите училишта како превентивна мерка, со цел да се провери безбедноста на училишните објекти пред враќањето на учениците во училниците. Родителите веднаш заминале во училиштата да ги земат своите деца.

Во градот Куско, на југоистокот од Перу, потресот предизвикал паника меѓу учениците, а одделни деца, според локалните извештаи, плачеле и вриштеле за време на евакуацијата од училишните згради.

Перу се наоѓа во подрачјето на Пацифичкиот огнен прстен, една од сеизмички најактивните зони во светот, а според податоците на властите, од почетокот на 2026 година во таа земја се регистрирани 569 земјотреси.

ВИДЕО