ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Робот ѝ ја грабна чантата на баба и почна да бега – погледнете како заврши

(ВИДЕО) Робот ѝ ја грабна чантата на баба и почна да бега – погледнете како заврши

Необична и урнебесна снимка масовно се споделува на социјалните мрежи, а во главните улоги се робот и повозрасна жена.

На видеото се гледа како роботот ѝ ја зграпчува чантата на жената и веднаш се обидува да побегне по улицата. Неговиот „план“, сепак, пропаѓа по само неколку чекори.

Роботот се сопнува на работ од тротоарот, паѓа на земја и делови од него се растураат по улицата.

Тогаш следува моментот што предизвика најмногу реакции. Жената мирно му приоѓа, си ја зема чантата, а потоа неколкупати го удира паднатиот робот со бастунот.

Видеото за кратко време стана вирално и предизвика лавина шеги и коментари. Сепак, дел од корисниците се сомневаат во неговата автентичност и сметаат дека сцената можеби е однапред наместена или дигитално обработена.

Без разлика на потеклото на снимката, едно е сигурно – „кражбата на иднината“ во ова видео заврши уште на првиот тротоар.

Видео: