ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ДРАМА ВО БАРСЕЛОНА: Изби пожар во метрото, над 130 повредени во паника бегаа низ темните тунели!

(ВИДЕО) ДРАМА ВО БАРСЕЛОНА: Изби пожар во метрото, над 130 повредени во паника бегаа низ темните тунели!

Најмалку 137 лица се повредени во драматичен инцидент што се случи во метрото во Барселона, откако поради уривање на обвивката во тунелот дојде до палење на електричниот далековод и избувнување на пожар.

Инцидентот се случил кога возот останал заглавен во тунелот меѓу станиците Глорис и Клот, кој брзо се исполнил со густ чад. Патниците во паника насилно ги отвориле вратите на возот и започнале евакуација пеш низ темниот тунел во двата правци.

Според информациите од Службата за итна медицинска помош, 131 лице задобиле полесни повреди, додека шестмина се со посериозни здравствени тегоби, главно поради вдишување чад и напади на паника. Вкупно 39 лица се пренесени во болници и медицински центри, а на терен интервенирале 24 амбулантни возила.

Пожарникарите, градската и каталонската полиција веднаш излегле на терен, а пожарот бил целосно изгаснат.

Генералниот директор на сообраќајното претпријатие во Барселона, Шавиер Флорес, потврди дека до палењето дошло кога дел од облогата на тунелот паднал врз напонските кабли.

Ова е втор тежок инцидент во метрото во Барселона за помалку од една недела, откако претходно експлозија на гас на градилиште во друга станица повреди осум лица.

ВИДЕО