ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) ДРАМА НА ДУНАВ: Крузер со 238 луѓе остана заглавен – патниците итно евакуирани, шансите за спас се сè помали!

(ВИДЕО) ДРАМА НА ДУНАВ: Крузер со 238 луѓе остана заглавен – патниците итно евакуирани, шансите за спас се сè помали!

Вистинска драма се одвивала на Дунав, откако крузерот „Викинг Улур“, на кој се наоѓале вкупно 238 лица, се насукал поради исклучително нискиот водостој на реката. Благодарение на брзата реакција на бугарската гранична полиција, сите патници биле безбедно евакуирани, но бродот и натаму останува заглавен.

Според официјалните информации, на крузерот имало 186 патници и 52 членови на екипажот. Бродот, кој плови под швајцарско знаме, требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите со храна и вода, но патувањето било прекинато откако се насукал во близина на романското место Салчиа.

За евакуација на патниците првично бил ангажиран друг брод, но поради плитката вода не можел доволно да се приближи до заглавениот крузер. Поради тоа интервенирала бугарската гранична полиција, која успешно ги евакуирала сите 186 патници на безбедно.

По завршувањето на евакуацијата, на бродот останале само 52 членови на екипажот, кои продолжуваат да се грижат за пловилото додека се бара решение за негово извлекување.

Крузерот испловил во понеделник од романскиот град Дробета-Турну Северин кон Видин, но поради рекордно нискиот водостој на Дунав останал заглавен на плиток дел од реката. Во текот на ноќта и следното утро биле направени повеќе обиди за негово ослободување, но ниту еден не дал резултат.

Надлежните служби соопштија дека шансите бродот наскоро да биде извлечен во моментов се многу мали. Причината е исклучително ниското ниво на водата, додека протокот на Дунав е намален на околу 1.600 кубни метри во секунда, што дополнително ја отежнува секоја спасувачка операција.

Проблемите не се ограничени само на овој крузер. Според информациите на унгарското Министерство за транспорт и инвестиции, уште околу 15 туристички крузери останале заглавени на унгарскиот дел од Дунав, додека голем број товарни бродови целосно го прекинале сообраќајот поради рекордно нискиот водостој.

Експертите предупредуваат дека ниското ниво на реката влијае на целиот пловен тек на Дунав, долг 2.412 километри. Поради тоа, големите бродови во одредени делови пловат со минимално растојание од само десет сантиметри меѓу трупот на бродот и речното корито, што ги принудува да превезуваат значително помалку товар и патници и сериозно го отежнува речниот сообраќај.

ВИДЕО

Најнови вести