Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина би можела да се одржи во Ватикан во средината на јуни, пишува весникот „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Според информациите на изворите, треба да присуствува и делегацијата на Соединетите Американски Држави предводена од државниот секретар и вршител на должноста советник за национална безбедност Марко Рубио, како и специјалниот пратеник за Украина Кит Келог, пренесе Анса.
Папата Лав XIV претходно изјави дека Ватикан е подготвен да биде домаќин на мировните преговори меѓу Москва и Киев, со цел да се стави крај на војната во Украина.