Јавните обвинители работат по динамика којашто ја определиле, се надеваме за десетина дена треба да заврши истрагата, после ќе има увид одбраната, а средина на јуни би требало да има јавнообвинителска одлука, откри денеска на прес-конференција Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
– Во моментов се распрашуваат одредени сведоци, осомничени, се прибираат докази. Распрашани се можеби над 300 сведоци, се надевам дека јавните обвинители ќе ја завршат постапката како што е предвидено по динамиката.
Во моментов јавните обвинители работат околу прибирање на докази, ако произлезе нешто друго, нови осомничени, нови дејствија, ќе се прошири истрагата, вели Коцевски.