ПРВ.мк

Во Желино свечено пуштен во употреба нов асфалтиран пат што го поврзува селото Палатица со Тетово

Во Желино свечено пуштен во употреба нов асфалтиран пат што го поврзува селото Палатица со Тетово
Vero

Во тетовското село Желино денеска беше свечено пуштен во употреба нов асфалтиран пат долг еден и пол километар, кој го поврзува селото Палатица со градот Тетово. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицковски, министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалниците на општините Желино и Тетово, како и повеќе пратеници од Тетовскиот регион.

Градоначалникот на Општина Желино посочи дека жителите на Палатица повеќе децении чекаа на изградбата на овој важен пат што значително ќе го олесни нивното секојдневно функционирање и ќе го подобри поврзувањето со Тетово.

Во изградбата на патот се вложени вкупно 27 милиони денари (околу 430.000 евра), од кои 20 милиони денари се обезбедени од Владата, додека останатите 7 милиони се од буџетот на Општина Желино.

Во духот на традицијата, при пуштањето во употреба на новата сообраќајница, присутните имаа можност да се засладат со домашна баклава и татлии, специјалитети од село Палатица, кои ги понудија домаќините.

Овој проект е значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата во регионот и ја зацврстува соработката меѓу локалната самоуправа и државните институции за развој на општините.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран