На 22 мај 2025 година, Биткоин достигна нов историски максимум, надминувајќи ја границата од 111.000 долари. Овој настан претставува важен пресврт за криптоиндустријата и потврда за растечкиот интерес на инвеститорите кон дигиталните средства како одржлив елемент на модерниот финансиски систем.
Со овој нов врв, пазарната капитализација на Биткоиннадмина 2,165 трилиони долари, а неговиот удел во вкупната крипто пазарна капитализација достигна 63%, овозможувајќи му на BTC да го надмине Amazon и да влезе во топ 5 најголеми средства во светот. Вкупната криптопазарна капитализација се искачи на 3,54 трилиони долари. Дневниот раст на вредноста на BTC надмина 4%, што исто така ја одразува зајакнатата позиција на криптовалутата во глобалната економија.
Кирил Хомиаков, регионален директор за Централна и Источна Европа и Централна Азија во Binance, истакнува: „Не го гледаме овој раст како краткорочен скок, туку како резултат на долгорочни промени во структурата на пазарот. Влезот на големи институционални инвеститори и примената на стратешки пристапи значително го менуваат начинот на кој се перцепира Биткоинот. Тој повеќе не е алтернативна актива, туку основа на нова финансиска парадигма“.
Важен аспект е што сегашната динамика на раст се базира на цврсти технички и фундаментални основи. Аналитичарите од CryptoQuant забележаа зголемување од 3 милијарди долари во реализираната капитализација на Биткоин за само 24 часа — бројка што може да укаже на почеток на одржлив „bullish“ импулс. За разлика од претходните циклуси, овој пат главни двигатели се институционалните инвеститори и долгорочните стратегии.
Големи играчи како MicroStrategy, Metaplanet и Twenty OneCapital активно ги зголемуваат своите резерви на Биткоин. Само Strategy неодамна купи 7.390 BTC, со што нејзините вкупни средства достигнаа 576.230 BTC.
„Веќе не зборуваме за шпекулативни циклуси. Сведоци сме на влез на капитал што доаѓа со јасна стратегија – преку методи како што се просекување на цената во долари и долгорочно планирање на портфолиото. Ваквата стабилна динамика го поддржува растот на цените и ја намалува волатилноста, што е клучно за довербата на пазарот“, додаваХомиаков.
Постигнувањето на нов историски максимум доби дополнително симболично значење со тоа што се совпадна со Bitcoin Pizza Day — денот кога пред 15 години се случи првата реална трансакција со Биткоин. Оттогаш, овој датум служи како потсетник колку далеку е дојдена индустријата — и колку високо може да порасне нешто што еднаш чинело само неколку долари.
„Во Binance, ваквите настани не ги гледаме само како пазарни индикатори, туку и показатели за зрелоста на крипто индустријата и зголемената доверба од милиони корисници ширум светот. Ги гледаме тековните трендови позитивно и забележуваме знаци на формирање на одржлив тренд на раст — Bull Market. Под овие услови, сосема е возможно пазарот повторно да ги надмине своите историски врвови“, заклучува Хомиаков.