ПРВ.мк

ПОЛИЦИЈАТА ЈА ТРЕСЕ КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА СТРАНЦИ ВО МТВ Разбиена мрежа за нелегален престој на странски државјани

ПОЛИЦИЈАТА ЈА ТРЕСЕ КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА СТРАНЦИ ВО МТВ Разбиена мрежа за нелегален престој на странски државјани
Vero

Акцијата опфаќа претреси на повеќе од 10 локации. Се претресуваат домови и возила, а се вршат и лични претреси. Претреси се вршат и во службени простории на МВР, вклучително и во Канцеларијата за странци во зградата на Македонската телевизија. Неофицијално дознаваме дека се одземаат лични предмети, мобилни телефони и значајна документација поврзана со криминалната шема.

Полицијата презема решителни чекори за внатрешно чистење и сузбивање на организирана шема за нелегално регулирање на престој на странски државјани во државата.

Денеска е зголемено присуство на полицијата во Штип, Скопје и на дел од граничните премини кон Косово.

Според неофицијални информации, акцијата опфаќа претреси на повеќе од 10 локации. Се претресуваат домови и возила, а се вршат и лични претреси. Претреси се вршат и во службени простории на МВР, вклучително и во Канцеларијата за странци во зградата на Македонската телевизија. Неофицијално дознаваме дека се одземаат лични предмети, мобилни телефони и значајна документација поврзана со криминалната шема.

Извори на МВР брифираат дека криминалот ја јаде државата одвнатре, но очигледна е решителноста на полицијата да го воспостави редот и да сузбива разни облици на организиран криминал кој длабоко е вкоренет во администрацијата на секое можно ниво.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран