ПРВ.мк

Кој е кланот Беланоца-Барон, на кои МВР им влезе во трагата (ФОТО)

Кој е кланот Беланоца-Барон, на кои МВР им влезе во трагата (ФОТО)
Vero

МВР вчера во акцијата наречена „Бункер“спроведе акција поврзана со апсење на членови на криминалната група “Беланоца-Барон“ повразни со убиството на водачот на кланот Грчец-Дуќанџик Орхан Бајрами-Оки во Грција.

„Пресинг ТВ“ ви ги претставува кои се членовите на овие две групи зад кои стојат бројни убиства во Скопје но и во регионот.

Беланоца, Барон, Дуќанџик и Грчец во минатото оперираа одделно но пред неколку годни се споија во две групи и практично си ги поделија „бизнисите“. Главни сектори со кои се занимаваат овие кланови се нарачани убиства, дрога и оружје.

Еден од водачите на нарко групата „Барон“ е Бедри Зекири кој беше помилуван од страна на поранешниот  претседател Стево Пендаровски.

Кланот Беланоца-Барон беше сериозно разнишан  откако кај скопско Блаце беше убиен Зелкиф Туша. Зелкиф пак е татко на Ганиф пак кој е осомничен дека во Грција го убил Оки.

Од Беланоца/Баро засега во Шутка се Шенаси Мислани познат како Шенки Версаче, брат му Мирвет Мислани, како и Абдула Садики и Акиф Мемиши. Неофицијален капо ди тути капи на Беланоца/Барон е  Фатљум Ајети – Тоте.

Извор: pressing.mk

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран