Американската Централна разузнавачка агенција (CIA) објави дека нејзините безбедносни службеници уапсиле едно лице во четврток наутро по локално време по пукање пред седиштето на агенцијата.
Обезбедувањето отворило оган врз жена која во четвртокот се упатила кон портите на седиштето на CIA во близина на Вашингтон, игнорирајќи ги наредбите да застане, а потоа била приведена, Reuters повикувјќи се на извор запознает со инцидентот.
Изворот, зборувајќи под услов на анонимност, рекол дека проверката на јавните записи покажала дека осомничената, идентификувана како млада американска државјанка, имала историја на возење под дејство на алкохол.
Жената влегла во главниот влез преку излезната лента, а кога обезбедувањето се обидело да ја запре, таа им избегала и продолжила кон портата, придизвикувајќи тие да отворат оган, изјавил изворот за Reuters.
Портпаролот на CIA потврди дека безбедносниот персонал „се соочил со едно лице“ пред главната порта, додавајќи дека лицето е во притвор.Портпаролот одби да каже дали осомничениот бил застрелан или да открие други детали. Засега не е познато зошто е отворен оган и што правелo лицето во тој момент.
Телевизиската мрежа NBC News претходно објави дека едно лице е застрелано, повикувајќи се на извор запознаен со случајот. Според изворот, станува збор за жена. Инцидентот се случил околу 4 часот наутро, изјави портпаролот на полицијата во Ферфакс за телевизијата ABC News.
CIA ja затвори главната порта на својот комплекс во Ленгли и им наложи на вработените да бараат алтернативни патишта.
Пукањето се случи откако осамен вооружен човек уби двајца вработени во израелската амбасада во центарот на Вашингтон во среда вечерта. Засега нема индиции дека двата инцидента се поврзани.