Тамара Бојаниќ во разговор со Дејан Драгоевиќ истакна како течела конверзацијата со родителите кога зборувале за парите што сега ги заработува во сериозна мера.
„Тато тоа сè уште не го прифати воопшто, ама мама да. Ни таа не го прифати целосно, ама што да прави жената?“, изјави Тамара.
„Значи тато сè уште е лут поради тоа?“, ја праша водителот Дејан Драгоевиќ.
„Па да. А јас со мама се слушам 30 пати дневно, постојано ѝ велам колку ја сакам. Ама јас сакам да функционирам како што јас сакам. Не сакам некој да ми наметнува ни мислење ни што треба да правам. Моите родители доаѓаа само два-три пати на секои шест месеци да ме посетат малку. Да бев дома, сигурно ќе ме избркаа од таму. Со оглед на тоа што веќе бев самостојна, само дојдов и им реков: ‘Ќе ми дадете ли 20-30.000 евра месечно? Нема? Алуја, поздрав’ (смеење)“, раскажа Бојаниќ.
Таа исто така шокираше со бројката со која располага ноншалантно.
„Ако немам 3.000 евра да платам кирија, подобро да се убијам“, рече Бојаниќ. Со ова поттикна лавина коментари на мрежите.
Инаку, старлетата претходно сериозно се занимавала со тенис, а нејзините родители многу вложиле во нејзината кариера. Меѓутоа, ништо од тоа.
„Тенисот ми се згади и веќе не следам натпревари. Ама имам омилен тенисер, тоа е Новак Ѓоковиќ. Инаку тој ми е и сосед. Кога е во Србија, живееме во ист станбен комплекс. Неговото место во гаражата е трето до моето. Така што слободно можам да кажам дека често се среќаваме по гаражата. Морам да кажам дека е обичен дечко и никогаш не би рекла дека е светски познат. Се однесува како секој нормален човек“, изјави Тамара.