ПРВ.мк

ЏАСТИН БИБЕР БРУТАЛНО ЈА ПОНИЖИ СВОЈАТА СОПРУГА! Наместо да ѝ честита – направи нешто сосема друго!

ЏАСТИН БИБЕР БРУТАЛНО ЈА ПОНИЖИ СВОЈАТА СОПРУГА! Наместо да ѝ честита – направи нешто сосема друго!
Vero

Џастин Бибер се соочува со бран критики поради неговата најнова објава на Инстаграм посветена на сопругата Хејли.

Пејачот (31) во вторникот ѝ „честиташе“ на сопругата Хејли (28) по повод нејзината насловна страница за списанието ВОГУЕ, но начинот на кој тоа го направи предизвика бурни реакции.

Чудна честитка

Џастин под фотографиите од снимањето напиша:
„Ова ме потсетува на времето кога Хејли и јас имавме голема расправија. Ѝ реков на Хејлс дека никогаш нема да се најде на насловната на Вогуе.“

„Знам, многу гадно од мене,“ призна тој, објаснувајќи:
„Од некоја причина чувствував дека не ме почитува. Мислев дека треба да ѝ се одмаздам.“

„Мислам дека како созреваме, сфаќаме дека со одмазда ништо не постигнуваме – само ја одложуваме блискоста и поврзаноста што навистина ја сакаме,“ додаде тој.

„Извини, душо“

„Душо, ти веќе знаеш, но прости ми што реков дека никогаш нема да бидеш на насловната на <em>ВОГУЕ</em>, затоа што очигледно бев во голема заблуда,“ заклучи Бибер.

Иако неговата намера можеби беше да искаже понизност и поддршка, многумина ја доживеаја објавата како несоодветна и непотребно непријатна.

„Ти треба помош околку честитката,“ коментираше еден фан. Друг додаде: „Мислам дека едноставна честитка би била сосема доволна.“

Објавата предизвика бурни дискусии на социјалните мрежи, а фановите се поделени околу тоа дали Џастин навистина покажал зрелост или пак несвесно ја понижил својата сопруга.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран