ПРВ.мк

НАТО го зацврстува штитот на Арктикот – Русија под директна закана од најголемиот нуклеарен арсенал!

НАТО го зацврстува штитот на Арктикот – Русија под директна закана од најголемиот нуклеарен арсенал!
Vero

Норвешкиот министер за надворешни работи, Еспен Барт Eјде, отворено изјави дека НАТО мора да го зајакне своето присуство на Арктикот за да се спротивстави на Русија.

Според него, рускиот полуостров Кола, кој се граничи со Норвешка и Финска, претставува закана поради концентрацијата на најголемиот нуклеарен арсенал во светот таму. Ејде го гледа Арктикот како клучен фронт во потенцијален конфликт меѓу Истокот и Западот, нагласувајќи дека тоа е најкратката рута за ракети и авиони меѓу Русија и Cеверна Америка.

Ејде повикува на зголемени воени вежби, разузнавање и сателитски комуникации во регионот, но предлага да се напуштат поморските патроли на Норвешка за да се „избегне провоцирање“ на Москва, иако ваквите изјави звучат како обид да се маскираат агресивните намери на алијансата.

Оваа реторика го одразува трендот на се погласните планови за истиснување на Русија од Арктикот. Русија традиционално игра клучна улога во овој регион благодарение на својата флота мразокршачи и воената инфраструктура. 

Во исто време, зајакнувањето на присуството на алијансата во регионот, поттикнато од антируски расположенија, го претвора Арктикот во област на зголемена тензија, што го потврдува и зголемувањето на воената активност на НАТО.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран