Украински дрон погодил станбена зграда во рускиот град Екатеринбург, при што се повредени неколку лица, соопштија локалните власти.
Гувернерот Денис Паслер информираше преку „Телеграм“ дека станарите од погодената зграда се евакуирани, а на местото се преземаат безбедносни мерки и увидни дејствија.
Според првичните информации, ова е прв пријавен украински напад врз Екатеринбург од почетокот на војната во 2022 година. Градот се наоѓа во централниот дел на Русија, на околу 1.700 километри од границата со Украина.
Надлежните служби работат на утврдување на околностите на нападот и проценка на причинетата штета.









