ПРВ.мк
Свет

УКРАИНА БАРА РЕАКЦИЈА: Зеленски алармира за нуклеарна закана - што значи ова за светот?

УКРАИНА БАРА РЕАКЦИЈА: Зеленски алармира за нуклеарна закана - што значи ова за светот?

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за „нуклеарен тероризам“, поврзувајќи ја актуелната војна со зголемени ризици околу нуклеарната безбедност, по повод 40 години од катастрофата во Чернобил.

Во својата порака, Зеленски порача дека руската инвазија врз Украина создава глобална опасност од нова нуклеарна катастрофа предизвикана од човекот и повика меѓународната заедница да реагира поодлучно за да се запре, како што рече, овој вид закана.

Тој истакна и дека руските дронови често летаат над зоната на Чернобил, при што минатогодишен инцидент наводно ја оштетил заштитната структура над оштетениот реактор.

Од Меѓународна агенција за атомска енергија (МААЕ), директорот Рафаел Гроси предупреди дека заштитната купола на реакторот мора итно да се санира и дека нејзината сегашна состојба претставува сериозен безбедносен ризик.

Во Киев се сретнаа и Зеленски и претседателката на Молдавија, Маја Санду, која најави посета на Чернобил и порача дека солидарноста во вакви трагедии мора да биде без граници.

Катастрофата во Чернобил се случи на 26 април 1986 година и останува најтешката нуклеарна несреќа во цивилна историја.

Најнови вести