ПРВ.мк
Свет

УБИСТВОТО БИЛО ПЛАНИРАНО ПРЕД КОНЦЕРТОТ? Двајца Данци уапсени, истрагата открива сомнеж за руска вмешаност!

УБИСТВОТО БИЛО ПЛАНИРАНО ПРЕД КОНЦЕРТОТ? Двајца Данци уапсени, истрагата открива сомнеж за руска вмешаност!

Двајца дански државјани се осомничени дека биле ангажирани од руската разузнавачка служба за да извршат атентат врз украинскиот рапер Киивстоунер, објави данскиот јавен сервис ДР.

Според објавените информации, полицијата успеала да спречи наводен заговор со апсењето на двајцата осомничени на 25 септември, непосредно пред најавениот концерт на украинскиот музичар, кој потоа бил откажан.

Двајцата мажи ги отфрлиле обвиненијата и пред судот се изјасниле дека не се виновни. Случајот предизвика големо внимание во Данска, а за денеска се најавени прес-конференции на претставници на данската безбедносна и разузнавачка служба ПЕТ, министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен и министерот за правда Николај Вамен.

Данската безбедносна служба ПЕТ уште во септември предупреди дека Русија регрутира дански државјани со цел да помогнат во планирањето саботажи против дански одбранбени компании поврзани со Украина.

Засега не се познати деталите за тоа како полицијата ги идентификувала двајцата осомничени, кај кои наводно било пронајдено оружје. Не е разјаснето ниту како истрагата се проширила и на уште две лица кои не се обвинети за учество во наводниот заговор.

Според информациите што ги пренесува Ројтерс, четворицата мажи се наоѓаат во притвор од септември, додека истрагата за случајот продолжува.

Најнови вести