ПРВ.мк

Убавата Ксенија е предадена во размена на заробеници помеѓу САД и Русија: Еве за кој човек ја трампаше Москва

Убавата Ксенија е предадена во размена на заробеници помеѓу САД и Русија: Еве за кој човек ја трампаше Москва

Руско-американската државјанка Ксенија Карелина, која беше осудена на 12 години затвор во Русија поради донација од 51,80 долари за украинска хуманитарна организација во САД, утрово е предадена на американските власти во рамки на размена на заробеници со Москва.

Размената се случила рано наутро во Обединетите Арапски Емирати, поточно во Абу Даби. Ксенија е предадена на Американците во замена за Артур Петров.

Карелина беше уапсена на почетокот на 2024 година во Екатеринбург, додека беше во посета на својата баба и дедо.

До апсењето, Ксенија живееше во Лос Анџелес и се занимаваше со балет. Американско државјанство стекна во 2021 година.

Vero

Во Русија отпатувала во јануари 2024 година за да ги посети своите роднини, а американските власти дознале за нејзиното апсење дури на 8 февруари. Нејзиното момче, Крис ван Херден, во изјава за Си-Ен-Ен откри дека ѝ ја купил авионската карта како роденденски подарок и дека Ксенија била горда на своето руско потекло и не следела вести.

Сепак, веднаш по пристигнувањето во Русија, таа беше уапсена, а подоцна и осудена поради, како што наведуваа властите, поддршка за Украина.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ја обвини Карелина дека учествувала во „јавни акции во поддршка на режимот во Киев“.

Agria