Крвниот притисок не е ист за сите – зависи од полот и возраста
Кога крвниот притисок е во нормални граници, целиот организам работи ускладено, а срцето пумпа крв без оптоварување. Сепак, вредностите на притисок не се универзални – не важат исто за сите.
Полот и возраста играат голема улога во тоа што се смета за „нормално“. Затоа, не може да се применува ист шаблон за сите луѓе. Еве што покажуваат препораките:
Нормален крвен притисок кај мажи:
Над 20 години: 123/76
До 30 години: 126/79
30–40 години: 129/81
40–50 години: 135/83
50–60 години: 142/85
Над 70 години: 142/80
Нормален крвен притисок кај жени:
Над 20 години: 116/72
До 30 години: 120/75
30–40 години: 127/80
40–50 години: 137/84
50–60 години: 144/85
Над 70 години: 159/85
Од табелата е јасно дека со возраста вредностите на притисокот природно се зголемуваат. Причината лежи во физиолошки промени – крвните садови, срцето и органите стареат и функционираат поинаку.
Важно е да се напомене: и високиот и нискиот притисок можат да бидат ризични. Најдобро е да го мерите редовно и да водите дневник на вредностите – тоа може да ви помогне да ги забележите евентуалните отстапувања навреме.