ПРВ.мк

НА ВЕЛИКИ ПЕТОК ПОМОШ ЗА НАЈСИРОМАШНИТЕ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Отец Оливер поделија пакети со храна

НА ВЕЛИКИ ПЕТОК ПОМОШ ЗА НАЈСИРОМАШНИТЕ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Отец Оливер поделија пакети со храна

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Воскресение Христово, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, спроведе хуманитарна акција во општината, заедно со свештеникот Отец Оливер, пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска, претседателката на Советот Светлана Колариќ, Иван Митровски и својот тим.

Тие посетија семејства од социјален ризик и им поделија пакети со основни прехранбени продукти, со цел да им го разубават празникот и да им покажат дека не се сами.

„Сите заслужуваат топол дом и празнична трпеза. Мојата рака секогаш ќе биде нивна поддршка – и во убавите, но и во тешките времиња“, порача Ѓорѓиевски.

Тој изрази голема благодарност до Хуманитарната организација „Свети Спас“ од Драчево и до волонтерите кои, како што рече, од самиот почеток се партнери во сите заеднички хумани мисии.

Vero

„Најважно е радоста од Христовото Воскресение да ја споделиме со другите, да си помагаме кога е најтешко и да бидеме заедно – во добро и во зло. Да се стремиме да бидеме подобри луѓе, со добрина и љубов кон секого. Тоа е највозвишената човечка особина. На тоа нè учи Христос“, изјави градоначалникот.

Хуманитарната акција на Ѓорѓиевски е дел од континуираните напори на Општина Кисела Вода да биде со своите граѓани и да им помага, особено на оние на кои им е најпотребно.

Agria