ПРВ.мк

Ана Ивановиќ отпатува на Маурициус , еден детал привлекува внимание

Ана Ивановиќ отпатува на Маурициус , еден детал привлекува внимание

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ отпатува за Маурициус во перидот во кој се погласни се гласините за развод со поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, а еден детал им падна во очи на нејзините следбеници.

„Зајдисонца, денови на плажа и тенис“, напиша таа. На фотографијата од плажа таа не носеше бурма, што беше протолкувано како потврда на веста дека се разведуваат. Таа сè уште не проговорила за ова.

„Сега конечно си слободна и изгледаш многу подобро“, „Каде е прстенот?“, „Ти го заслужуваш најдоброто. Те сакаме“, „Се враќаш ли на тенисот?“, се дел од коментарите.

Како што е познато, германските медиуми неодамна објавија дека на бракот на Ивановиќ и Швајнштајгер дошол крајот бидејќи често биле разделени поради работни обврски.

Vero

Сепак, името на водителката Естер Седлачек се почесто се споменува како причина за нивната разделба. Таа работи со Швајнштајгер во АРД.

Ивановиќ и Швајнштајгер се венчаа во јули 2016 година во Венеција. Тие во 2018 година го добија синот Лука, а една година подоцна таа ја роди Леона. Тие го добија својот трет син, Тео, во мај 2023 година.

Agria