ПРВ.мк

Маск вклучен во проект на векот? Милијардерот главен кандидат за изградба на “Златната купола” на Трамп

Маск вклучен во проект на векот? Милијардерот главен кандидат за изградба на “Златната купола” на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп најави амбициозен проект за изградба на нов одбранбен ракетен систем наречен „Златна купола“, инспириран од “Железната купола“ на Израел. Целта е да се заштитат САД од балистички, хиперсонични и крстаречки ракети преку мрежа на сателити и оружје во орбитата.​

За реализацијата на овој проект, Трамп се обрати до Илон Маск и неговата компанија SpaceX, која се смета за главен кандидат за изградба на „Златната купола“.

SpaceX ќе соработува со софтверската компанија Palantir и производителот на дронови Anduril за развој на системот. Планирано е лансирање на 400 до 1.000 сателити кои ќе го опкружуваат светот за да детектираат и следат ракети, додека 200 вооружени сателити ќе ги пресретнуваат непријателските проектили. ​

Vero

Проектот е во рана фаза, а Трамп веќе најави историски буџет од 1 трилион долари за одбраната, кој ќе биде насочен кон оваа иницијатива. Иако процесот на донесување одлуки е уште во почетна фаза, се очекува првите капацитети да бидат подготвени до 2026 година, а целосната имплементација по 2030 година. ​

Овој амбициозен проект ја нагласува стратегијата на Трамп за засилена одбрана преку иновации во вселената, што може да ја промени динамиката на глобалната безбедност.

Agria