Многумина што планираат летување во Грција не се свесни дека на крајот може да платат повеќе од очекуваното. Причината е дополнителна такса која не секогаш се прикажува однапред при резервација.
Станува збор за таканаречената „Climate Crisis Resilience Fee“ – обединета еко и туристичка давачка која се наплаќа директно на лице место. Овој трошок најчесто не е вклучен во цената што ја гледате онлајн, што ги изненадува голем број туристи.
Особено кај приватните апартмани, сумата може да достигне од 8 до 15 евра по ноќ за целото сместување. Тоа значи дека при подолг престој, вкупниот износ лесно може да достигне и до 100–150 евра, особено ако патувате како семејство или група.
Во хотелите, пак, оваа такса е пониска и варира од околу 2 евра по ноќ, но зависи од категоријата и нивото на услугата.
Разликите во цените често создаваат конфузија, бидејќи правилата не се исти за сите видови сместување. Дополнителен проблем е што оваа давачка не секогаш е јасно наведена при онлајн резервации.
Иако многумина мислат дека станува збор за измама, ова е официјален данок воведен од државата. Затоа, пред да резервирате, добро е однапред да проверите дали има дополнителни трошоци – за да не ви се расипе одморот уште на самиот почеток.



















