ПРВ.мк
Свет

ЦРКВА И ЏАМИЈА ЕДНА ДО ДРУГА: Водата се повлекла и открила нешто што ги воодушеви сите

ЦРКВА И ЏАМИЈА ЕДНА ДО ДРУГА: Водата се повлекла и открила нешто што ги воодушеви сите

Значителниот пад на нивото на водата во браната Каракурт, во источниот дел на Турција, повторно ги откри остатоците од истоименото историско село кое пред неколку години било потопено поради изградбата на хидроцентрала.

Поради исклучително топлото лето, нивото на водата во акумулацијата значително се намалило, па над површината повторно се појавиле делови од некогашното населено место.

Меѓу остатоците што повторно станале видливи се селската џамија, темелите на десетици куќи, како и остатоците од историска црква.

Особено впечатлив е призорот на двата верски објекти кои повторно се појавиле над водата. Снимките направени со дрон го прикажуваат денешниот изглед на урнатините на селото и потсетуваат на периодот кога на ова подрачје заедно живееле припадници на различни религии.

Џамијата и црквата денес се само остатоци од некогашното населено место, но сведочат за мултикултурното минато на Каракурт и историјата на овој дел од Турција.

Необичната глетка привлече голем број локални жители, но и фотографи кои сакале да го овековечат моментот кога историското село, по неколку години, повторно излегло од водата.

Урнатините денес претставуваат своевиден прозорец кон минатото – населено место кое поради изградбата на хидроцентралата исчезнало под површината на акумулацијата, а по падот на водостојот повторно се појавило пред очите на јавноста.