ПРВ.мк
Свет

ТРАМП МУ НАРЕДИ НА ЗЕЛЕНСКИ ДА ПРЕСТАНЕ СО НАПАДИТЕ?! Шок одлука што го потресе светот

ТРАМП МУ НАРЕДИ НА ЗЕЛЕНСКИ ДА ПРЕСТАНЕ СО НАПАДИТЕ?! Шок одлука што го потресе светот

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да престане со нападите врз руските постројки за производство на дизел-гориво, оценувајќи дека тие удари предизвикуваат недостиг.

Трамп, како што пренесува АП, изјавил дека Зеленски може да напаѓа други цели, но дека не треба да ги таргетира објектите поврзани со производството на дизел.

Американскиот претседател ова го кажал откако бил прашан дали разговарал со Зеленски по неодамнешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп смета дека украинските удари врз руските енергетски капацитети имаат последици врз снабдувањето со гориво, особено со дизел, поради што побара Киев да ги избегнува овие цели.

Неговата изјава доаѓа во период кога Украина продолжува со напади врз руската енергетска инфраструктура, додека Москва и понатаму изведува воздушни напади врз украински цели.