ПРВ.мк
Свет

ЦЕНАТА НА НАФТАТА ЕКСПЛОДИРА: Ново зголемување утрово!

ЦЕНАТА НА НАФТАТА ЕКСПЛОДИРА: Ново зголемување утрово!

Цените на нафтата нагло пораснаа на светските берзи, а аналитичарите предупредуваат дека глобалниот енергетски пазар би можел да се соочи со нов сериозен удар. Причина за драматичниот раст се стравувањата дека проблемите и прекините во сообраќајот низ Ормускиот Теснец би можеле да траат многу подолго од првичните проценки.

Овој теснец, кој се наоѓа во Персискиот Залив, е една од најважните поморски рути во светот бидејќи низ него поминува огромен дел од глобалното снабдување со нафта и енергенси. Секое нарушување во овој регион веднаш предизвикува силни реакции на светските пазари.

Според податоците на „Trading Economics“, двата најважни типа нафта забележале значителен скок на цените. Брент нафтата достигнала вредност од 107 долари за барел, додека американската лесна нафта WTI се искачила на околу 102 долари по барел.

Дополнителна неизвесност на пазарот предизвика и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој порача дека привременото примирје со Иран останува неизвесно. Откако Техеран го одбил најновиот мировен предлог, расте загриженоста дека тензиите во регионот би можеле дополнително да се влошат.

Инвеститорите стравуваат дека евентуалната продолжена блокада на клучните поморски рути може сериозно да го наруши глобалното снабдување со нафта, што би предизвикало уште поголем раст на цените во наредниот период.

На ситуацијата предупреди и Амин Насер, извршен директор на саудискиот енергетски гигант „Saudi Aramco“, кој истакна дека светскиот пазар во моментов губи околу 100 милиони барели нафта неделно поради актуелните нарушувања. Според него, доколку кризата продолжи, стабилизацијата на пазарот и враќањето во нормала нема да се случат брзо и можно е последиците да се чувствуваат и следната година.

Додека дел од секторите на Волстрит бележат раст, енергетската криза повторно станува главна тема меѓу инвеститорите, кои внимателно го следат секој нов развој на настаните во Персискиот Залив.

Најнови вести