ПРВ.мк

Целосен пресврт: Украина три дена по ред ја напаѓа Русија, сериозни проблеми за Москва

Целосен пресврт: Украина три дена по ред ја напаѓа Русија, сериозни проблеми за Москва
Vero

Украинските вооружени сили изведоа најдолг и најинтензивен напад со беспилотни летала врз руски територии, поради што претседателот Владимир Путин го отфрли предлогот за прекин на огнот, објавија украинските медиуми. Нападите започнаа вечерта на 20 мај и траеја речиси непрекинато до утрото на 23 мај.

Според официјалните податоци на руското Министерство за одбрана, единиците за противвоздушна одбрана за овој период соборија вкупно 756 украински беспилотни летала.

„Од 20 часот на 20 мај до 8 часот на 22 мај беа соборени 485 беспилотни летала, од 8 до 20 часот на 22 мај уште 159, а од 20 часот на 22 мај до 7 часот на 23 мај дополнително 112“, соопшти Министерството. Нападите беа извршени во 15 региони на Русија и на Крим, а најголем број беспилотни летала беа соборени над Орелската област (197), Курската област (185) и Московската област (109).

Поради нападите, сообраќајот беше привремено прекинат на аеродромите во регионите Владимир, Калушка, Кострома, Тамбов, Јарослав, Иваново, Самара и во Нижни Новгород, како и на московските аеродроми Внуково, Домодедово, Шереметјево и Жуковски. Поради тоа, стотици летови беа одложени, а патниците чекаа и по речиси цел ден за полетување.

Дополнително, пристапот до мобилен интернет беше ограничен во шест региони: Тула, Липецк, Воронеж, Владимир, Орел и Иваново. Локалните власти ги замолија жителите за разбирање поради непријатностите.

Во текот на масовниот напад, украинските беспилотни летала го погодиле фабриката „БЗПП“ во Орел, која произведува микроелектроника за воени цели, како и фабриката „Енергија“ во Липецк, која произведува батерии за беспилотни летала, ракети и авиони.

Нападите предизвикаа оштетување и на неколку повеќекатници во Тула и во Јелец. Десет лица се здобиле со полесни повреди. Во Курск, едно беспилотно летало удрило во мост на автопат, оштетувајќи го коловозот, додека друго удрило во автомобилот на началникот на областа Беловски, Николај Волобујев, кој бил хоспитализиран со повреди на бутот и раката.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран