ПРВ.мк

Европската Унија подготви контранапад за Трамп – контрамерки од 21 милијарда евра, следуваат царини за американските производи

Европската Унија подготви контранапад за Трамп – контрамерки од 21 милијарда евра, следуваат царини за американските производи
Vero

ЕУ одобри контрамерки од 21 милијарда евра – следуваат царини за американски производи

Земјите-членки на Европската Унија одобрија контрамерки во вредност од 21 милијарда евра, кои предвидуваат воведување царини до 50 проценти за одредени американски производи, објави британскиот „Телеграф“.

На удар се најдоа производи како пченица, мотоцикли и облека, кои според ЕУ, имаат економска и симболична важност за американскиот извоз.

Во тек се и преговори за дополнителен, значително проширен пакет мерки во вредност од 95 милијарди евра. Европската комисија и земјите-членки сè уште расправаат за неговата финална содржина. Предлог-мерките опфаќаат царини за производи како што се авионите на „Боинг“, американските автомобили и бурбон вискито – сектори што директно ги засегаат работните места во САД и би можеле да предизвикаат значаен политички притисок.

Досегашната практика на Брисел во трговските спорови покажува тенденција за таргетирање на стоки кои имаат силна симболична вредност во САД, со цел да се предизвика емоционална реакција и економски ефект во чувствителни индустрии.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран