ПРВ.мк

Црвениот крст досега собра над 2,5 милиони евра за настраданите од пожарот во Кочани

Црвениот крст досега собра над 2,5 милиони евра за настраданите од пожарот во Кочани
Vero

Во рамки на апелот за помош на настраданите од катастрофалниот пожар што го зафати Кочани на 16 март 2025 година, досега се собрани 156.542.967 денари (повеќе од 2,5 милиони евра), соопшти Црвениот крст на Северна Македонија.

Како што информираат од организацијата, во неколку наврати досега се извршени исплати кон семејствата погодени од трагедијата:

52.038.593 денари се доделени како финансиска поддршка на семејствата на починатите лица.

44.163.258 денари се исплатени за лица што се лекуваа во странство.

11.247.250 денари се наменети за повредените кои се лекуваа во домашни здравствени установи.

Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 107.449.101 денар.

Преостанатите 46.593.866 денари, според Црвениот крст, ќе бидат распределени откако ќе завршат проценките на тежината на повредите, времетраењето на лекувањето и индивидуалните потреби на повредените, што ги спроведуваат надлежни и стручни институции во земјата. Организацијата уверува дека распределбата ќе се изврши навремено и согласно реалните потреби на настраданите.

Од Црвениот крст упатија благодарност до сите донатори кои учествувале и продолжуваат да придонесуваат во оваа хуманитарна акција.

Организацијата и натаму е присутна на терен, со фокус на обезбедување психолошка поддршка за погодените граѓани, во обид, како што велат, „да се даде скромен, но суштински придонес за надминување на последиците од трагичниот настан“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран