ПРВ.мк

Русија успешно лансираше воен сателит во орбитата

Русија успешно лансираше воен сателит во орбитата
Vero

Руското Министерство за одбрана соопшти дека ракетата „Сојуз-2.1б“ денеска успешно лансирала воен сателит во орбитата од космодромот Плесецк, лоциран во Архангелската област.

Според соопштението, целата операција била спроведена без отстапувања и во согласност со планираната програма.

„Со космичкиот апарат е воспоставена и стабилно се одржува доверлива телеметриска врска. Системот функционира нормално“, информираа од Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Лансирањето е извршено во 10:36 часот по локално време, а сателитот е веќе во стабилна орбита и ги извршува планираните технички задачи.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран