ПРВ.мк
Свет

„Трамп со шок-план за Мадуро: Америка тргнува во акција – откриени тајните операции!“

„Трамп со шок-план за Мадуро: Америка тргнува во акција – откриени тајните операции!“
Kristal

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува нов дипломатско-безбедносен потег кон Венецуела. Според извори од Белата куќа, Трамп изјавил дека планира лично да разговара со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, што би било едно од најзначајните директни контакти во последните години.

Иако Вашингтон го смета Мадуро за нелегитимен лидер и претходно воведе низа санкции, американски официјални лица тврдат дека моментално не постои план за воена интервенција, атентат или киднапирање на Мадуро.

Но, тоа не значи дека САД седат со скрстени раце.

Според висок функционер на администрацијата, американската стратегија е фокусирана на уништување на нарко-картелите поврзани со режимот во Каракас. „Ќе ги уништиме бродовите што пренесуваат дрога. Тоа е примарната цел“, изјавил тој за „Аксиос“.

Во рамки на операцијата „Јужно копје“, американската армија веќе има спроведено 21 ракетен напад врз бродови за кои се верува дека транспортираат дрога кон САД. Досега се убиени најмалку 83 лица, а операцијата се проширува.

Од Белата куќа нагласуваат дека тајни мисии постојат, но тие не се насочени кон физичко елиминирање на Мадуро. Вашингтон тврди дека се работи за борба против нарко-трафикингот, при што го обвинуваат венецуелскиот лидер дека стои на чело на т.н. „Картел де лос Солес“, организација што САД официјално ја прогласија за терористичка.

Паралелно со ова, американскиот генерал Ден Кејн – опишан како „мозокот“ на операцијата – ја посети базата во Порторико каде моментално се стационирани околу 10.000 американски војници, што дополнително ја зголемува напнатоста во регионот.

Венецуелската влада го нарече американскиот план апсурден и тврди дека „Картел де лос Солес“ е измислица.

И додека Вашингтон подготвува нови чекори, Мадуро, за првпат по долго време, би можел директно да разговара со американски претседател – разговор што може драматично да ја промени судбината на регионот.

Escape