ПРВ.мк
Магазин

МЛАДИТЕ ПОД НЕВИДЛИВА ОПАСНОСТ: Зависностите стануваат најголемата закана во земјава - еве што ствара најголема завист

МЛАДИТЕ ПОД НЕВИДЛИВА ОПАСНОСТ: Зависностите стануваат најголемата закана во земјава - еве што ствара најголема завист
Kristal

Употребата на халуциногени, стимуланси и опијати не е производ на модерното време. Историјата покажува дека луѓето уште од древните цивилизации користеле супстанции за медицински третмани, религиозни ритуали и дури општествени настани. Иако денес некои од нив се сметаат за опасни и се строго контролирани, нивната приказна започнува многу одамна.

Во минатото, општествата ретко толерирале прекумерна употреба и злоупотреба на таквите супстанции. Но, низ вековите зависностите се развивале паралелно со цивилизацијата. Еве како тие супстанции се појавиле, како се користеле и кога станале препознаени како ризик за здравјето.

АЛКОХОЛ: НАЈСТАРИОТ СТИМУЛАНС ВО ИСТОРИЈАТА

Алкохолот постои најмалку 10.000 години. Археолозите пронашле податоци дека во древна Кина луѓето мешале ориз, овошје и мед за да создадат алкохолен пијалак. Иако тогаш не постоел термин што ќе ја дефинира зависноста, прекумерната употреба била критикувана уште од најраните општества.

Во 19 век германскиот лекар Кристоф В. Хуфеланд прв ја дефинирал неконтролираната желба за алкохол и ја нарекол „дипсоманија“. Потоа се појавил терминот „алкохолизам“, кој се користи и денес. Со индустрискиот развој, производството станало поефтино и побрзо, а алкохолот подостапен. Во 1940-тите се појавиле првите центри за рехабилитација и групи за поддршка.

ХЕРОИН: ОД МЕДИЦИНА ДО НАЈЗАГРИЖУВАЧКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ

Потеклото на хероинот и морфиумот започнува со опиумот, кој бил познат уште пред 3.400 години п.н.е. во Месопотамија. Неговата употреба се проширила меѓу Египќаните, Персијците и подоцна Европа и Азија. Во 19 век морфиумот станал медицински лек, но неговата зависност се проширила особено во Америка по граѓанската војна.

Во 1874 година хероинот бил синтетизиран како замена за морфиумот. Се сметало дека е побезбеден, но за кратко време станало јасно дека создава уште посериозни штети. Поради тоа државите почнале да воведуваат забрани и контроли врз опиумските производи.

КОКАИН: ДРЕВЕН СТИМУЛАНС СО ГОЛЕМ ГЛОБАЛЕН ВЛИЈАНИЕ

Коката била користена уште пред 5000 години во Андите. Жителите ги џвакале лисјата за да се справат со разредениот воздух во планините. Во 1859 година научникот Алберт Ниман го изолирал кокаинот од растението, а во 1880-тите супстанцијата станала популарна во медицината.

Во тој период кокаинот бил промовиран од лекари, научници, политичари и јавни личности. Употребата станала толку распространета што се појавиле десетици илјади луѓе зависни од него. Во 1980-тите се појавила нова форма наречена крек, а бројот на корисници нагло се зголемил.

Во земјата има регистрирани случаи на злоупотреба на:

  • хероин,
  • опијатни таблети,
  • синтетички опијати.

Се смета дека најголемиот проблем низ годините било користење на хероин, особено во некои градови

Escape