ПРВ.мк
Свет

Пресудата што ја тресе турската јавност, турски новинар доби затворска казна - ова е причината

Пресудата што ја тресе турската јавност, турски новинар доби затворска казна - ова е причината
Kristal

Суд во Истанбул денеска го осуди искусниот турски новинар Фатих Алтајли на четири години и два месеци затвор по обвинение за закана кон претседателот Реџеп Таип Ердоган, пренесува ДПА. Пресудата не е конечна, но 63-годишниот Алтајли, кој беше уапсен во јуни, ќе остане во притвор поради наводен ризик од бегство, јавуваат локалните медиуми.

Алтајли е познат по своите дневни коментари за политичките случувања на својот популарен Јутјуб канал, кој има 1,5 милиони претплатници. Случајот произлегува од видео во кое новинарот дискутирал за јавна анкета која, според државната агенција Анадолија, покажала дека 70 проценти од Турците се против доделување доживотно претседателствување на Ердоган.

Во видеото, Алтајли истакнал дека турските граѓани никогаш нема да се откажат од правото на глас и се повикал на историски примери каде што османлиски владетели биле насилно отстранети. Новинарот негираше какво било прекршување на законот, тврдејќи дека неговите коментари биле намерно искривени.

Критичарите го обвинуваат Ердоган за сè поавтократско владеење, додека турското судство во последните месеци презема засилени мерки против медиумските професионалци, уметници и активисти како дел од пошироката акција против опозицијата.

Лидерот на опозицијата, Екрем Имамоглу, кој претходно годинава беше приведен и отстранет од функцијата градоначалник на Истанбул, се соочува со обвиненија за тероризам и корупција, што набљудувачите го толкуваат како обид на владата да го елиминира најпопуларниот ривал на Ердоган.

Escape