ПРВ.мк
Свет

ТРАМП БЕСЕН ПО ИНЦИДЕНТОТ: „Тој што пукаше ќе плати висока цена“ - што всушност се крие зад ова пукање?

ТРАМП БЕСЕН ПО ИНЦИДЕНТОТ: „Тој што пукаше ќе плати висока цена“ - што всушност се крие зад ова пукање?
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по вооружениот инцидент во центарот на Вашингтон, во непосредна близина на Белата куќа, при што беа нападнати припадници на Националната гарда. Тој реагираше преку социјалната мрежа TruthSocial, каде упати порака на поддршка кон војската и органите на редот.

Трамп напиша дека напаѓачот ќе се соочи со сериозни последици и ги пофали припадниците на Националната гарда, опишувајќи ги како „прекрасни луѓе“ кои секогаш се во служба на државата. „Како претседател на Соединетите Американски Држави, стојам со вас!“, нагласи Трамп.

Инцидентот се случил во центарот на градот. Според првичните информации, дојде до престрелка меѓу припадниците на Националната гарда и осомничениот, кој подоцна бил уапсен. Властите соопштија дека ситуацијата е ставена под контрола и повикаа граѓаните да ја избегнуваат областа додека трае увидот.

Вашингтонската полиција потврди дека осомничениот е во притвор и работат на целосно расчистување на случајот. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Escape