ПРВ.мк
Магазин

Тајната на Рождествениот пост - Зошто делото создадено од срце во пост вреди двојно?

Тајната на Рождествениот пост - Зошто делото создадено од срце во пост вреди двојно?
Kristal

Божикниот пост, кој започнува на 28 ноември, и трае до навечерието на Христовото Рождество, претставува еден од најзначајните периоди на духовно обновување во православната вера. Во словенските земји, постот никогаш не бил сфатен само како воздржување од храна, туку како прецизно водено духовно патување, тивок процес преку кој човек ја чисти душата, ги смирува страстите и се подготвува за светлината на Христовото раѓање.

Во традицијата на православните домови, Божиќниот пост отсекогаш бил период во кој луѓето се труделе да живеат поспокојно, поблагородно и попосветено. Вистинскиот пост започнува однатре: со простување, со стишување на егото и со добри дела што ја отвораат душата за Божјата милост.

Advertisement

Како треба да се однесуваме за време на постот?

Според православната традиција, Божиќниот пост е време на:

Смирение и воздржаност – воздржување не само од храна, туку и од непотребни расправии, гнев, осудување, брзање и нервоза.

Молитва и тишина – потребно е да се изговата или чита секојдневна молитва или да се чита духовна литература, тоа помага да се одржи мирот.

пекселс

Простување – не може човек да пости со срце полно со омраза; простувањето е „храна“ на душата.

Добри дела – помош на сиромашни, болни или осамени.

Во словенските земји се верувало дека дело направено во пост вреди „двојно“.

Одбегнување на раскош, алкохол и излишна забава – домот се смирува за да се отвори внатрешна светлина.

Благодарност и самоконтрола – постот е духовна дисциплина, не казна.

Црквата нагласува дека подобро е човек внатрешно да пости со чисто срце и добра мисла, отколку да држи строги правила за исхрана, а да биде тврдокорен, да навредува или да се расправа и гневи.

Зошто дело за време на пост вреди двојно?

Во православната традиција постот никогаш не бил само телесно воздржување, туку состојба на срцето. Постот е време кога човекот свесно се оддалечува од излишностите, од гласната секојдневност и од она што го замаглува духот. Токму затоа секое добро дело направено во овој период има поголема тежина – „вреди двојно“, како што велат старите духовници.

Зошто е така? Одговорот лежи во внатрешната борба.

Кога човек пости, тој се соочува со сопствените слабости – со желбите, навиките, нервозата, стравовите. Ова е време кога душата е почувствителна, побудна, поотворена за духовни пораки. Во таква состојба, секое добро дело е направено со поголем напор, со поголема свесност, со почиста намера. Благочестивиот чин не извира од удобност, туку од свесно одрекување, и токму тоа му дава духовна тежина.

Постот е период во кој човекот намерно го намалува своето „јас“ за да направи место за другите. Затоа милосрдните дела како помош на сиромашен, топол збор кон осамен, прошка кон оној што нè повредил, дарување на некого на кој му е потребно, во овој период се сметаат за благословени дела со удвоено значење.

Има уште една причина: во постот се менува и духовната атмосфера околу човекот.Покрај воздржувањето од храна, верниците се повикуваат да се воздржат од гнев, од празни разговори, од осудување, од гордост. Токму кога ова однесување се практикува, и најмалото добро дело станува дел од поголема духовна целина.

пекселс

Што се јаде за време на Божикниот пост?

Божиќниот пост трае 40 дена и е пост со масло според одредените денови, што значи дека најголемиот дел од времето е дозволена растителна храна, но се прават важни разлики по недели.

Основно правило:

Без месо

Без млечни производи

Без јајца

Риба е дозволена за време на викендите и празниците (освен во последните денови пред Божиќ)

Алкохол само во мали количини и во ограничени денови.

пекселс

Што конкретно се јаде?

• Грав, компири, зеленчук• Леб, житарици, ориз• Маслинки, растително масло (освен во денови на строг пост)• Овошје, суво овошје• Ореви, лешници, бадеми• Печурки• Риба и морски плодови (со исклучоци)• Посни чорби, тави, посни манџи, леќа• Мед, џемови, растителни намази

Традиционално се подготвуваат посни сарми, посна мусака, тавче-гравче, чорба со зеленчук, варено жито (коливо), компир салата со кромид, посни кифлички, компот од сливи или јаболка.

Кога се јаде?

Се препорачува умереност во јадењето, односно, јадење два до три пати дневно во помали порции.

Во строги денови (среда и петок) трпезата е уште поедноставна. За време на важните празници во постот  дозволено е вино и масло. Во последната недела пред Божиќ, постот се засилува, а риба не се јаде.

Бадник е врв на постот. Тогаш трпезата е скромна, но длабоко симболична. На неа треба да има жито, мед, ореви, грав, суви сливи. Домот се осветлува со молитва и свеќа. Се чува мирот до доаѓањето на Божикната светлина.

Духовно значење: Зошто Црквата инсистира на пост?

Причината е едноставна, но длабока:

Постот го одврзува човекот од материјалното и го подготвува да ја прими духовната радост на Христовото раѓање.

Постот ја смирува мислата, ја отвора душата, ја буди љубовта, ја пресекува зависноста од наслади, го учи човекот дека телото не е господар, туку слуга.

Во словенската традиција тоа се разбира како враќање кон својата духовна суштина. Божиќ не се подготвува само со украсување на домот, туку со нешто уште поважно – со „украсување“ на срцето.

Имено, Божиќниот пост е тивка духовна школа што трае 40 дена. Не е само намалување на храна, тоа е пат кон смирение, благодарност, простување и внатрешно воскреснување. Во македонските и сите словенски домови, овој пост е длабоко врежан како свето време во кое човек се подготвува да ја прими Божјата радост – чист, мирен и отворен за светлината на Христовото раѓање. А кога душата се очистува, Божиќ светнува многу посилно.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK