ПРВ.мк
Црна Хроника

Најтешката ноќ во Хонгконг, 800 пожарникари во борба со стихии и неизвесност - ова е моменталната бројка на жртви

Најтешката ноќ во Хонгконг, 800 пожарникари во борба со стихии и неизвесност - ова е моменталната бројка на жртви
Kristal

Речиси 300 луѓе се водат како исчезнати по огромниот пожар кој денеска изби во Хонгконг и зафати седум висококатници од станбениот комплекс „Ванг фук корт“. Властите официјално потврдија дека загинале најмалку 36 лица, меѓу кои и еден пожарникар, додека со уште 279 жители не може да се воспостави контакт. Пожарот и понатаму е активен, но според надлежните, постепено се става под контрола.

Во гаснењето се вклучени повеќе од 800 пожарникари и 140 противпожарни возила. Извршниот шеф на Хонгконг, Џон Ли, соопшти дека во три од засегнатите згради веќе нема активни пламенови.

Властите отворија истрага за причините за пожарот. Според првичните информации, огнот се ширел со невообичаена брзина. Комплексот бил во фаза на реновирање и целосно опкружен со бамбусови скелиња, за кои се верува дека се можно жариште на пожарот.

Стотици жители се евакуирани во привремени засолништа, а десетици се хоспитализирани, меѓу кои и неколку во потешка состојба.

Станбениот комплекс „Ванг фук корт“, изграден во 1983 година, се состои од осум згради со по 31 кат и вкупно 1.984 станови. Таму живеат повеќе од 4.600 жители, од кои една третина се постари од 65 години, според официјалните владини податоци.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK