ПРВ.мк
Македонија

Муцунски ја поставува црвената линија за македонскиот јазик и идентитетот – еве што им порача од Стразбур

Муцунски ја поставува црвената линија за македонскиот јазик и идентитетот – еве што им порача од Стразбур
Kristal

Македонија ќе продолжи да ги исполнува меѓународните обврски, но прашањата за македонскиот јазик, идентитетот и достоинството на народот не се тема за компромис – порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ–Македонија во Европскиот парламент во Стразбур.

Муцунски истакна дека претворањето на јазичните и идентитетските прашања во формални услови во европскиот пристапен процес создава опасен преседан, кој го нарушува кредибилитетот на проширувањето. Тој предупреди дека такви услови однапред прават штета на целиот регион, бидејќи ги поместуваат европските интеграции од јасни правни критериуми кон политички условувања.

Според министерот, преговори може да има за владеење на правото, институциите, стандардите и политиките, но не и за македонскиот идентитет. Тој упати критика до Бугарија, оценувајќи дека блокадите не се само штетни за Македонија, туку и за стратешките интереси на самиот регион.

Муцунски додаде дека двете земји треба да се ориентираат кон конкретни проекти како Коридорот 8, наместо кон спорови и условувања. Македонија, како што рече, сака односи со Бугарија засновани на соработка, а не на трајни блокади.

Тој подвлече дека македонските граѓани веруваат во европските вредности и не се евроскептици, но предупреди на нов феномен кој расте – европесимизам, произлезен од бавниот и непредвидлив пристапен процес. Муцунски посочи дека токму институциите на ЕУ и Македонија треба да ја вратат довербата, покажувајќи дека напорите на земјата се препознаени.

Министерот потсети дека Македонија е 100% усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, дека поддржува санкции кон Русија и активно придонесува кон европската безбедност како членка на НАТО.

Муцунски рече дека Македонија не чека пасивно, туку веќе учествува во европската архитектура преку партнерства и реформи. Тој ја истакна и фокусираноста кон економски развој, дигитализација, поврзување на регионот и задржување на младите.

На крајот, Муцунски порача дека пристапниот процес мора да биде предвидлив, јасно дефиниран и базиран на заслуги, а не на условувања поврзани со идентитет. Македонија останува проевропска и подготвена да го даде својот придонес во заедничката иднина.

На состанокот свое обраќање имаше и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK