ПРВ.мк
Свет

„Ова е КРАЈ: Катастрофален пожар ги претвори облакодерите во гробници – стотици исчезнати!“

„Ова е КРАЈ: Катастрофален пожар ги претвори облакодерите во гробници – стотици исчезнати!“
Kristal

Ужасни сцени го потресоа Хонг Конг, каде бројот на жртви расте од час во час. Најмалку 36 лица загинаа, а 279 се водат како исчезнати во разорниот пожар што проголта високи облакодери во густо населениот кварт Таи По. Локалните власти потврдија дека 29 лица се повредени, од кои седум се борат за живот, додека првичните бројки беа далеку помали – само 13 загинати и 16 повредени.

Пламените јазици сè уште беснеат низ бамбусовите скелиња што ги опфаќаат зградите, а огнот успеал да се прошири на сите осум кули од огромниот комплекс Ванг Фук Корт. Иако пожарникарите се борат со стихијата, многу жители останале заробени во своите станови, неспособни да се пробијат низ чадот и вжештените ходници.


Комплексот е огромен – осум згради со по 31 кат, со над 2.000 станови каде живеат околу 4.800 луѓе. Пожарот, според службите, е делумно под контрола, но гаснењето е екстремно тешко поради незапаметеното топлинско оптоварување што ја прави борбата со пламените јазици речиси невозможна.

На терен се упатени 128 противпожарни возила и околу 800 пожарникари, кои се обидуваат да го спречат најцрното сценарио. Ситуацијата и понатаму е критична, а властите стравуваат дека бројот на жртви би можел драматично да се зголеми кога ќе се пребараат сите катови.

Escape