ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) ТРАМП СО НОВА ВИЗУЕЛНА ПРОВОКАЦИЈА: Објави фотографија со оружје и порака „нема повеќе добар човек“

(ФОТО) ТРАМП СО НОВА ВИЗУЕЛНА ПРОВОКАЦИЈА: Објави фотографија со оружје и порака „нема повеќе добар човек“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика силни реакции откако на социјалните мрежи објави нова фотографија генерирана со вештачка интелигенција, на која се прикажува како држи пушка пред сцена со разурнати згради и експлозии во позадина.

На објавата, која ја сподели преку платформата „Truth Social“, тој испрати и остра порака кон Иран, наведувајќи дека „нема повеќе господин добар човек“ и дека земјата мора да постигне договор поврзан со нејзината нуклеарна програма.

Трамп во пораката тврди дека Иран „не знае како да потпише договор за ненуклеарно оружје“ и дека треба „наскоро да се опаметат“, со што дополнително ја заострува реториката околу долгогодишниот спор меѓу Вашингтон и Техеран.

Според информации објавени во американски медиуми, администрацијата разгледувала различни стратегии за притисок врз Иран, вклучително и економски мерки и продолжена изолација, со цел да се постигнат нуклеарни отстапки.

Ова не е првпат Трамп да користи AI-генерирани слики за политички пораки. Во претходни случаи, објави фотографии на кои е претставен во религиозни сцени, меѓу кои и една контроверзна слика на која е прикажан како го прегрнува Исус, што предизвика реакции и критики и од дел од неговите политички сојузници.

Подоцна дел од тие објави беа избришани, но новиот бран визуелни содржини повторно ја отвора дебатата за користењето на вештачка интелигенција во политичка комуникација и границите на таквиот тип на пораки.