Американскиот претседател Доналд Трамп, за време на посетата на најголемата американска воена база на Блискиот Исток, лоцирана во Катар, изјави дека негов приоритет како лидер е прекинување, а не започнување на конфликти.
„Како претседател, моја главна цел е да ставам крај на конфликтите, а не да ги започнувам. Но, доколку е неопходно, нема да се двоумам да распоредам американски сили за да ги заштитам САД и нашите сојузници“, изјави Трамп пред американските војници стационирани во Катар – една од станиците на неговата блискоисточна турнеја.
Трамп се осврна и на односите меѓу Индија и Пакистан, наведувајќи дека тензиите меѓу двете земји се смирени и ги повика двете страни да се насочат кон економска соработка и трговија наместо кон воени конфликти.
„Двете страни се задоволни од насоката во која се движат работите“, додаде Трамп.