ПРВ.мк

Кривични пријави за менаџер и газда на дискотека, пуштале музика по трагедијата во Кочани

Кривични пријави за менаџер и газда на дискотека, пуштале музика по трагедијата во Кочани
Jumbo Banner

Кумановската полиција соопшти дека поднела кривична пријава за менаџер и газда на дискотека за „организирање отпор“, откако пуштале музика за време на деновите на жаалост по два месеци од трагедијата во Кочани кога загинаа 59 лица.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.М.(35) и А.Р.(25), двајцата од Куманово, поради постоење, како што е соопштено, основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“. 

„На 22.03.2025, пријавените, во својство на сопственик и управител на угостителски објект и менаџер на угостителскиот објект, пуштале гласна музика и на тој начин не ја почитувале одлуката на Владата на РСМ за денови на жалост по повод трагичната несреќа во Кочани“, објави МВР.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран