ПРВ.мк

Виткоф ги откри своите очекувања: Разговорот помеѓу Трамп и Путин ќе биде успешен

Виткоф ги откри своите очекувања: Разговорот помеѓу Трамп и Путин ќе биде успешен
Jumbo Banner

Се очекува телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин да донесе напредок во застојаните преговори за Украина, изјави специјалниот пратеник на САД, Стивен Виткоф.

„Интуицијата на претседателот Трамп му вели дека е време за директен разговор со претседателот Путин. Очекуваме дека тој повик ќе ги отстрани одредени пречки и ќе нѐ приближи до целта кон која се стремиме. Верувам дека тоа ќе биде многу успешен телефонски разговор“, изјави Виткоф за американската телевизија ABC.

Тој додаде дека Вашингтон досега успеал во одредена мера да ги ублажи разликите во ставовите меѓу Русија и Украина и да ги приближи двете страни.

Претседателот Трамп претходно на социјалната мрежа „Трут“ најави дека планира да разговара со рускиот лидер во понеделник, 19 мај. Кремљ потврди дека е во тек подготовка за телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели.

Во меѓувреме, во Истанбул во петокот се одржаа директни преговори меѓу Русија и Украина, при што беше постигнат договор за размена на затвореници, како и за размена на ставови во врска со условите за евентуален прекин на огнот.

На оваа тема, по иницијатива на Вашингтон, истовремено разговарале и американскиот сенатор Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран