ПРВ.мк

Од играње видео игри до богатство: Македонци земаат и до 20.000 евра месечно

Од играње видео игри до богатство: Македонци земаат и до 20.000 евра месечно
Jumbo Banner

Играњето игри се претвори во голема индустрија која прави милијарди долари, а гејмингот стана професија на голем број млади луѓе. Гејминг индустријата не ја движат само младите кои седат дома и играат на нивните комјутери, туку и компаниите кои развиваат видеоигри, е-спортовите, „клауд“ гејмингот и онлајн натпреварите.

Во Македонија последниве години има голем подем на оваа индустрија, а освен за забава, на дел од младите играњето игри им е професија и добро заработуваат од тоа.

– Во Македонија има луѓе кои се натпреваруваат на национално и на интернационално ниво во играње игри. Натпреварувањето во играње игри онлајн, односно е-спортот започна во 2000 година, а прв официјален меѓународен натпревар во гејминг се одржа во 2005 година. Оние кои играат професионално можат доста да заработат од играње игри. Има двајца Македонци кои се меѓу најдобрите 10 играчи во светот и по заработка и по успех, изјави за „Локално“, Бобан Тотовски, претседател на Македонска е-спорт федерација.

Тој вели дека кај нас многу е поголем бројот на оние кои се забавуваат, отколку оние кои заработуваат од играње игри. Полупрофесионалците и професионалците во е-спорт заработуваат од 1.500 до 20.000 евра месечно. Професионалците имаат посебен режим на исхрана, тренинг, имаат психолози во тимовите…

Извор: biznisinfo.mk

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран