ПРВ.мк

Милијардери се фотографираа пред „Воинот на коњ“ на скопскиот плоштад

Милијардери се фотографираа пред „Воинот на коњ“ на скопскиот плоштад
Jumbo Banner

Основачот на социјалната мрежа Рамбл, Крис Павловски, и трговецот со криптовалути Џанкарло Девасини се фотографирале пред споменикот „Воин на коњ“ на скопскиот плоштад по средбата што ја имаа во Македонија со премиерот Христијан Мицкоски.

Фотографијата на Х ја објави Павловски, кој во меѓувреме рече дека сака да инвестира во македонската археологија и дека негов сон е да „пронајде гробница на еден од претците на Александар Македонски“.

Девасини пак е сопственик на Tether (USDT) и е еден од највлијателните луѓе во светот на криптовалутите. Двајцата со Павловски се милијардери.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран